Граѓаните да не се вознемируваат: Боево гаѓање во недела во Пробиштип
Сектор за внатрешни работи Штип и Одделението за внатрешни работи Пробиштип ги известуваат граѓаните на Општина Пробиштип, а особено населението на село Пишица и околните населени места дека на 04.10.2026 (недела) во периодот од 08:00 до 13:00 часот во месноста „Пуста Пишица“ – атар на село Пишица, ќе се спроведе боево гаѓање со огнено оружје.
Активноста ќе се реализира согласно планираните задачи и активности на Одделението за внатрешни работи Пробиштип за 2026 година. Заради безбедноста на граѓаните и заштита на нивниот имот, апелираме до граѓаните да избегнуваат движење и престој во местото во наведениот период од 08:00 до 13:00 часот.
Воедно, апелираме до сопствениците и одгледувачите на добиток да не вршат напасување на добиток во местото и блиската околина во наведениот период.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Сектор за внатрешни работи Штип
Одделение за внатрешни работи Пробиштип