Објавено на:

Кина прекина со извоз на горива поради кризата предизвикана од војната во Иран

t

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени деривати во сите региони освен во Хонг Конг и Макао, со што се предизвикува дополнителен товар на светските пазари кои веќе се недоволно снабдени поради војната во Иран.

Пекинг го ограничи извозот на гориво во март откако почетокот на американско-израелската војна против Иран ги прекина испораките на нафта од Блискиот Исток за Кина, најголемиот увозник во светот.

Во периодот од јули до септември, ограничувањата повторно беа ублажени.

Сега Пекинг повторно се обидува да даде приоритет на снабдувањето на домашниот пазар, а државната нафтена компанија „ПетроЧајна“ откажа неколку пратки бензин и керозин што беа планирани за октомври.

Официјален Пекинг одредува квоти за извоз на месечна основа со цел да управува со снабдувањето со гориво, но од денеска во Кина започна еднонеделен одмор, а рафинериите не добија зелено светло за октомвриски испораки на гориво во странство.

Кина има најголеми капацитети за рафинирање во светот, но во извозот на гориво обично заостанува зад Индија и Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…

ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…

Европската Унија планира да вложи до 50…

Кинески владин службеник осуден на смрт поради…

Еден кинески владин службеник е осуден на…

Иран тврди дека погодил американски Ф-16 над…

Иранската војска соопшти дека нејзиниот систем за…

Иран сака крај на војната, но бара…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…