Објавено на:

Велика Британија во разговори со ЕУ за резервите на дизел

t

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел на кои се бара решение за кризата со горивата, во услови кога цените на дизелот нагло растат, а американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе побара од европските земји да ги ослободат своите резерви.

Британскиот министер за енергетика, Мартин МекКлуски, вчера учествувал во разговорите со претставници на Ирска, Европската комисија, Франција и Италија на кои се разгледувала можната потреба од ослободување на резервите на гориво.

Трамп синоќа четвртокот им изјави на новинарите дека „можеби“ ќе побара европските земји да ги намалат своите резерви. Американскиот претседател се соочува со зголемен домашен притисок да ги намали цените.

Трамп во текот на викендот веќе изјави дека „размислува“ за воведување забрана за извоз на американски дизел, но призна дека таквата мерка би можела да ги зголеми цените на други производи.

Забраната би значела дополнителен притисок врз Велика Британија, која би морала да се натпреварува со други земји за ограничените количества алтернативно гориво, што би довело до повисоки трошоци.

Велика Британија увезува речиси 55 отсто од дизелот што го користи, а околу 31 отсто од тој увоз доаѓа од САД.

Цените на дизелот значително се зголемија во последните месеци поради нарушувањата во глобалното снабдување, предизвикани од војната на САД и Израел против Иран и тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.

Просечната цена на литар дизел во Велика Британија во четвртокот достигна 1,9979 фунти (2,64 долари). Тоа е над претходниот рекорд од 1,9909 фунти, забележан во јуни 2022 година по руската инвазија врз Украина.

Велика Британија, како членка на Меѓународната агенција за енергетика, е обврзана да одржува резерви на нафта во количина еквивалентна на најмалку 90 дена нето-увоз на нафта. Тие резерви може да се користат за справување со сериозни нарушувања во снабдувањето на глобалниот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…