Западните земји подготвуваат планови за евакуација на амбасадите од Киев – опција се Лавов и Полска
Западните земји почнале да подготвуваат резервни планови за своите дипломатски мисии во Украина во случај безбедносната ситуација во Киев дополнително да се влоши и престојот во главниот град да стане неодржлив, објавува британски „Гардијан“.
Според весникот, дипломати разгледуваат различни сценарија за евентуално преместување на амбасадите и дипломатскиот персонал, при што како можни локации се споменуваат Лавов во западна Украина и источните делови на Полска.
„Ситуацијата очигледно брзо се влошува“, изјавил дипломат за „Гардијан“, во услови на засилени руски воздушни напади врз Киев и украинската инфраструктура.
Британскиот весник денеска објави дека украинската престолнина се соочува со интензивирање на руските напади, кои погодуваат енергетска инфраструктура, транспортни врски и други објекти. Дополнителен проблем за украинската противвоздушна одбрана претставуваат новите руски беспилотни летала, како и ограничените резерви на ракети-пресретнувачи за системите „Патриот“.
Според „Гардијан“, странските дипломати веќе се подготвуваат за можноста безбедносните услови дополнително да се влошат, особено во пресрет на зимата. Засега станува збор за планови за вонредни ситуации, а не за одлука за непосредно затворање или евакуација на западните амбасади од Киев.
Лавов би бил една од логичните алтернативи поради неговата положба во западниот дел на Украина и близината до полската граница. Дел од странските дипломатски претставништва веќе го користеа градот како привремена база во првите недели од руската инвазија во 2022 година.
Подготовките доаѓаат во период на растечка загриженост дека Русија би можела дополнително да ја засили кампањата против украинската енергетска и критична инфраструктура во текот на зимските месеци. Украинските власти, пак, предупредуваат дека Москва се обидува преку масовни воздушни напади да го зголеми притисокот врз големите градови.
Засега нема официјална потврда дека западните држави донеле одлука за напуштање на Киев. Информациите укажуваат на превентивно планирање за сценарио во кое дипломатското присуство во украинската престолнина повеќе не би можело безбедно да функционира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Западните земји подготвуваат планови за евакуација на…
Западните земји почнале да подготвуваат резервни планови…
Крај на „не знам колку ќе ти…
Повеќе ред во откупот, поголема транспарентност на…
Трамп: Европа штотуку се согласи да ослободи…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Европа…
Вучиќ: „Со големо внимание го следиме јакнењето…
Александар Вучиќ, носител на листата „Обединета Србија“…
Ги запоставила децата и дозволила малолетната ќерка…
На 01.10.2026 во 18:05 часот во СВР…