Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“
Хрватска внимателно го следи големото воено зајакнување на Србија, кое речиси наликува на „шопинг-манија“ – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, нагласувајќи дека Загреб ги развива своите вооружени сили исклучиво за одвраќање, пренесе Хина.
Пленковиќ ова го изјави во Загреб на средбата со баварскиот премиер Маркус Зедер, откако претходно хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ ги оцени реториката и военото зајакнување на Србија како сè поагресивни.
– Внимателно го следиме развојот на настаните во Србија – рече Пленковиќ, додавајќи дека ова прашање било разгледано и на седниците на хрватските совети за одбрана и за национална безбедност.
Според него, военото зајакнување на Србија е „вонреден процес, речиси шопинг-манија низ целиот свет“, што, како што рече, го отвора прашањето зошто Белград се вооружува во толкава мера.
Пленковиќ нагласи дека Хрватска, како членка на Европската Унија и на НАТО, презема мерки за гарантирање на сопствената безбедност и дека во последната деценија го зголемила одбранбениот буџет за трипати.
Тој посочи дека способностите што ги развива Хрватска „не претставуваат закана за никого“, туку имаат одвраќачка функција, со цел да не се повтори агресијата од 1990-тите години, и додаде дека Загреб за военото зајакнување на Србија разговара со сите свои партнери, кои се веќе запознаени со развојот на ситуацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“
Хрватска внимателно го следи големото воено зајакнување…
Полска подготвува „предвоен закон“: Нов степен на…
Полското Министерство за национална одбрана подготвува нов…
Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Македонија заслужува…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Глобалните цени на земјоделските производи експлодираа –…
Цените на земјоделските производи на светските пазари…
Полска обновува засолништа од Студената војна: Во…
Полскиот град Лублин повторно стави во употреба…