Објавено на:

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот во Улцињ

t

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) ја продолжува успешната серија на настапи на турнири до 18 години. Тој оваа недела ја заврши со двојна победа на турнирот J30 Улцињ за тенисери до 18 години – триумфираше во сингл конкуренција и во игра на двојки со Скендер Катана од Црна Гора.

Алексовски во сингл финалето убедливо го победи Марко Брињоли од Италија со 2-0 во сетови (6:2, 6:1), а во полуфиналето беше поуспешен од Љубен Хубенков од Бугарија (6:3, 3:0) и противникот го предаде мечот, додека во четвртфиналето го загуби единствениот сет во мечот против Михаил Мичшенко од Казахстан 2-1 во сетови (6:1, 4:6, 6:2).

Во мечевите од групата Алексовски ги победи: Павле Вукосављевиќ од Србија (Црна Гора) 2-0 (6:3, 6:3), Лука Сецански (Србија) 2-0 (6:0, 6:0) и Раз Ти Поска (Италија) (7:5, 6:2).

Во конкуренција на двојки ривалите Никша Смиљаниќ и Немања Тодориќ од Босна и Херцеговина го предадоа финалниот меч. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради…

Дел од улиците и булеварите во Скопје…

Тошковски: Наскоро „Безбеден град“ ќе може да…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

(Видео) Голем пожар во Прилеп, гори депонија…

Голем пожар попладнево изби во кругот на…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…