Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да заврши судењето за дел од обвинетите за трагедијата во Кочани
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде долг и болен процес, пред сè поради, како што оценува адвокатот Владимир Туфекџиќ, погрешната поставеност на теоријата на случајот во поднесеното обвинение.
Туфекџиќ во свој статус посочува дека новиот притвор на Дејан Јованов нема суштински да ги промени работите, ниту ќе придонесе за побрзо и праведно завршување на постапката, додека, според него, ќе продолжат бурните и оправдани реакции на семејствата на жртвите.
Како можен начин за поефикасно водење на постапката, адвокатот предлага обвинетите поранешни министри од пред 10 до 15 години, како и уште неколку лица за кои смета дека се неоправдано опфатени со предметот, да побараат од судот промена на редоследот на изведување на доказите на одбраната.
Според неговиот предлог, најнапред би се извеле неколкуте докази предложени од овие обвинети, со што доказната постапка во однос на нив би можела да биде исцрпена.
„Ова не е ништо ново во сложени кривични постапки, а во овој случај би било потполно оправдано барање, имајќи ги предвид пред сè економичноста и ефикасноста на кривичната постапка“, оценува Туфекџиќ.
Тој смета дека по завршувањето на доказната постапка за овие обвинети, обвинителството би можело повторно да го преиспита обвинението во однос на нив, додека судот би можел во раздвоена постапка да донесе одлука.
Според Туфекџиќ, на овој начин би се овозможило судската постапка да го задржи вистинскиот фокус на трагичниот настан во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
244 сведоци предложени од одбраната во случајот…
Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…