„Безбеден град“ ќе препознава и возење без кацига

t

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски да препознава и мотоциклисти кои управуваат без заштитна кацига, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според МВР, системот веќе регистрира прекршоци направени од мотоциклисти, а следната фаза предвидува дополнителни функции со вештачка интелигенција преку кои ќе се препознава и неносење кацига.

Тошковски ја најави новината при посетата на фестивалот „Мото Илинден Урбан драјв“ во Скопје, каде главен фокус е безбедноста на мотоциклистите и правилната употреба на заштитната опрема.

„Безбеден град“ официјално почна да функционира во февруари годинава. Во првиот месец системот регистрираше повеќе од 19.000 сообраќајни прекршоци, најголем дел поради возење со брзина над дозволената.

Системот во моментов регистрира и минување на црвено светло, како и управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

Од МВР велат дека во првите девет месеци од годинава во сообраќајни несреќи загинале 33 лица помалку отколку во истиот период минатата година, што според нивните пресметки претставува намалување од околу 30 проценти. Бројот на повредени е намален за околу 19 проценти.

Со новата надградба, системот треба дополнително да се проширува со автоматско препознавање и на други прекршоци.

Засега не е објавен точен датум кога автоматското санкционирање за возење без кацига ќе почне да се применува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Безбеден град“ ќе препознава и возење без…

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски…

Сопружници се скарале околу ќерката, па се…

На 03.10.2026 во 16:25 часот во СВР…

Клековски со шокантни бројќи : Околу 1.000…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

УНДП предупредува на „домино-ефект“: Енергијата, долгот и…

Земјите во развој се соочуваат со истовремен…

Пожар на Шар Планина

Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на…