Објавено на:

Вселенската патријаршија: Договорот меѓу Грција и Бугарија е „почеток“ на враќањето на одземените црковни богатства

t

Вселенската патријаршија го поздрави договорот меѓу Грција и Бугарија за размена на историски богатства, но истовремено испрати порака дека процесот на враќање на црковните и културните предмети треба да продолжи. Патријаршијата особено го нагласува зборот „почеток“ и изразува очекување реституцијата да биде завршена што поскоро.

Во соопштението на Вселенската патријаршија се наведува дека црковните богатства опфатени со договорот потекнуваат од митрополии и манастири во северна Грција, кои се под нејзина духовна и канонска јурисдикција.

Токму затоа, од Фанар договорот меѓу Атина и Софија не го гледаат како завршена постапка, туку како „почеток“ на процесот на враќање на вредните и свети предмети, однесени пред повеќе од еден век.

Вселенската патријаршија изразува надеж дека реституцијата ќе продолжи и ќе биде завршена во најкус можен рок, „во согласност со барањата на моралниот поредок и меѓународното право“, во духот на пријателските односи меѓу Грција и Бугарија.

Од Фанар потсетуваат и дека Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште за време на една од своите претходни посети на Софија директно го покренал прашањето за враќањето на црковните богатства пред тогашниот претседател на Бугарија.

Патријархот Вартоломеј, како што се наведува, го поздравил започнувањето на процесот и им честитал на владите на Грција и Бугарија „за постигнатото и за она што следува“.

Соопштението на Вселенската патријаршија, сепак, оди и чекор подалеку од конкретниот договор меѓу двете држави.

Фанар изразува надеж дека договорот меѓу Грција и Бугарија ќе стане „пример и инспирација“ за други држави, со цел нивните надлежни институции да придонесат за враќање на културните богатства во местата од кои биле однесени.

Во тој контекст, Вселенската патријаршија експлицитно ги споменува мермерите од Партенон, оценувајќи го Партенон како „симболичен споменик за целото човештво“.

Партенон, се наведува во соопштението, „тивко и трпеливо го очекува повторното обединување со неговите други составни делови кои биле насилно однесени во егзил“.

Со тоа Вселенската патријаршија договорот меѓу Атина и Софија го поставува во поширок контекст на реституцијата на културното и црковното наследство, а не само како билатерална размена на предмети меѓу две држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вселенската патријаршија: Договорот меѓу Грција и Бугарија…

Вселенската патријаршија го поздрави договорот меѓу Грција…

ЦУК: Регистрирани 46 пожари на отворен простор…

Вкупно 46 пожари на отворен простор се…

Мерц го повика Путин да ја прекине…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот…

Пјонгјанг објави детали за ракетната вежба: тврди…

Северна Кореја објави дополнителни информации за ракетното…

Бразил избира претседател: Лула и Флавио Болсонаро…

Бразилците денеска гласаат во првиот круг од…