Филипче: ЕУ го потврди идентитетот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција го обвини Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предавство на националните интереси, тврдејќи дека нивните политики ја држат земјата во изолација и сиромаштија. Според него, посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги разоткрила сите „лаги“ на Мицкоски во врска со загрозеноста на македонскиот идентитет и јазик на патот кон ЕУ.
Филипче истакна дека Фон дер Лајен јасно порачала оти земјата е добредојдена во ЕУ со зачуван идентитет, со што, како што рече, на Мицкоски му е одземена лагата со која дошол на власт. Тој го посочи и Преспанскиот договор, кој Мицкоски сега го нарекува „ремек-дело“, како доказ за заштитата на идентитетот, и обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја кочи државата со невистини дека протоколите со Бугарија се дел од преговарачката рамка.
„Предавник и предавници се Христијан Мицкоски и неговата банда, коишто држејќи не во изолација го загрозуваат нашиот идентитет“, изјави Филипче.
Тој остро го критикуваше најавениот ребаланс на буџетот, отфрлајќи го објаснувањето на премиерот дека причината е намалената акциза на горивата. Според Филипче, вистинската причина за недостатокот од милијарда евра во буџетот е лошото планирање, слабата наплата на приходи и ниската реализација на капитални инвестиции, што ќе резултира со нови задолжувања кои, како што тврди, ќе завршат во „партиски криминални тендери“.
Филипче ја нагласи потребата од соработка со Европското обвинителство, предводено од Лаура Ковеши, како услов за напредок кон ЕУ и борба против корупцијата. Тој го праша Мицкоски дали пред Фон дер Лајен зборувал за наводните партиски тендери вредни над 100 милиони евра, купопродажбата на струја или унгарскиот кредит. Во однос на претстојната средба на министерот за надворешни работи со неговата бугарска колешка, тој изјави дека не очекува ништо, обвинувајќи ја власта за намерно влошување на односите со соседите.
Во врска со можноста за предвремени избори, Филипче рече дека СДСМ нема да биде „алиби“ за Мицкоски, кој, според него, има двотретинско мнозинство за да ги распише кога сака. Тој го отфрли постоењето на „здружена опозиција“ со Левица и ДУИ, нарекувајќи го СДСМ единствена вистинска опозиција. За измените на Изборниот законик, тој потврди дека партијата ќе ги поддржи препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но ќе се спротивстави на промените во гласањето на дијаспората.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: ЕУ го потврди идентитетот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
Владата на Јемен започна целосна војна против…
Јеменските владини сили, поддржани од Саудиска Арабија,…
Судење за Онкологија: Обвинителството ги оспори заклучоците…
Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на…
Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што…
Владата има добиено доверба од граѓаните за…
Зеленски најави нова кампања против руските рафинерии…
Војната меѓу Русија и Украина може да…