Објавено на:

Ученичките протести во Франција ескалираа: 15-годишник остана без рака

t

Ученичките протести во Франција за подобри услови во образованието влегуваат во втора недела, а демонстрациите на повеќе места повторно беа проследени со насилство и сериозни инциденти.

Во градот Ленс, 15-годишен ученик останал без рака откако, според извор од полициски синдикат, се обидел да подигне шок-граната испукана од полицијата и да ја фрли назад. Направата експлодирала во неговата рака.

Според прелиминарните податоци на француското Министерство за образование, протестите на 5 октомври погодиле 413 училишта низ земјата. На повеќе места биле регистрирани пожари, напади со пиротехника и молотови коктели, а во Париз околу 100 ученици биле евакуирани по обиди за подметнување пожар во една гимназија.

Поради безбедносни причини, наставата била целосно или делумно прекината во стотици училишта, додека во Ремс бил запрен и трамвајскиот сообраќај.

Незадоволството кај учениците е поврзано со недостиг на наставен кадар, откажани часови, лоши услови во училиштата, долгите училишни денови и чувството кај младите дека нивните проблеми не се слушаат.

Францускиот премиер Себастијан Лекорну порача дека учениците имаат право нивните легитимни барања да бидат слушнати, но нагласи дека насилството и злоупотребата на протестите се неприфатливи.

Ученичките организации најавија нови национални протести, а поддршка добија и од неколку големи образовни синдикати, поради што протестното движење би можело дополнително да се прошири.

Во изминатите денови биле повредени ученици, наставници и полицајци, а материјалната штета од немирите се проценува на повеќе милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученичките протести во Франција ескалираа: 15-годишник остана…

Ученичките протести во Франција за подобри услови…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Иранскиот министер за нафта поднесе оставка

Иранскиот претседателски кабинет објави оставка на министерот…

Новиот филм на Том Круз со катастрофален…

Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа…

Вучиќ: Курти, Ѓукановиќ и Пленковиќ – сите…

Александар Вучиќ – носителот на листата „Александар…