Ова се 30-те најдобри градови во светот за 2026 година
Њујорк, Лондон и Париз се најдоа на врвот на Индексот на глобални градови за 2026 година, објавен од „Оксфорд Економикс“.
Индексот опфаќа 1.000 градови ширум светот и ги оценува според пет категории: економија, човечки капитал, квалитет на живот, животна средина и управување.
Во првите десет се најдоа Њујорк, Лондон, Париз, Сиетл, Сан Франциско, Даблин, Бостон, Сан Хозе, Токио и Цирих.
Меѓу највисоко рангираните европски градови се и Осло, Стокхолм, Копенхаген, Минхен, Амстердам, Берлин, Женева, Брисел, Хелсинки, Луксембург и Мадрид.
Според анализата, водечките градови не се издвојуваат само по економската моќ, туку и по образованието, пристапот до култура, инфраструктурата и квалитетот на живот.
Бостон, на пример, има силна позиција благодарение на големиот број врвни универзитети, додека Даблин привлекува глобални технолошки компании поради високообразованата работна сила. Лондон, пак, е меѓу светските лидери според човечки капитал.
Париз добива високи оценки поради културната понуда и квалитетот на животот, додека Сиетл се издвојува по инвестициите во јавни простори и урбана инфраструктура.
Во индексот се забележува и сè поголем подем на азиските градови, меѓу кои Шенжен, Тајпеј, Куала Лумпур и Хо Ши Мин.
Новина во изданието за 2026 година е категоријата „Градови за набљудување“, во која се издвојуваат градови со забрзан економски и технолошки раст и потенцијал за значително подобрување на позицијата во следните години.
Анализата на „Оксфорд Економикс“, пренесена и од Би-Би-Си, покажува дека најуспешните градови комбинираат силна економија, талентирана работна сила, добар квалитет на живот и вложувања во технологија и животна средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кажал „бомба“ и го запрел летот: Драма…
Драма се случила во авион на „Ер…
Ноќен хаос во Битола: Четворица приведени, нападнат…
Четворица битолчани биле приведени рано утринава по…
Ова се 30-те најдобри градови во светот…
Њујорк, Лондон и Париз се најдоа на…
(Видео) Магија на Јокиќ: Асистенција зад грб…
Во НБА лигата во тек се подготвителните…
(Видео) Најнеобичниот изборен инцидент: Граѓаните се „бореа“…
Необична сцена го одбележа изборниот ден во…