Нова градинка во Теарце: 10 занимални и место за 147 деца
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската градинка „Фољеја“, прва јавна установа за предучилишно воспитание и образование во оваа општина.
Градинката има капацитет за 147 деца, располага со 10 занимални и е изградена на два ката.
Вкупната инвестиција изнесува нешто над 800.000 евра. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од Европската комисија преку програмата за претпристапна помош ИПАРД 2, додека 165.000 евра се финансирани од Општина Теарце.
Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски истакна дека отворањето на градинката претставува значаен чекор за децата и семејствата во руралните средини.
„Децата од руралните средини не смеат да имаат помалку можности од децата кои растат во урбаните средини. Местото на живеење не смее да биде пречка за едно дете да добие квалитетна грижа, воспитание и образование“, изјави Велковски.
Тој додаде дека Министерството обезбедило и вработување на неопходниот стручен кадар за непречено функционирање на установата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…
Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно…
Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе…
Де Ниро распали по Трамп: „Тргнете ги…
Холивудската легенда Роберт де Ниро повторно жестоко…
МЕА: ослободени 325 милиони барели од итните…
Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија…