Во 10 кавадаречки училишта поставени „течни дрва“ за почист воздух

t

Во десет училишта во Кавадарци се произведени „течни дрва“ за прочистување на воздухот, информираше иноваторот и професор д-р Димитрија Ангелков од Кавадарци.

Станува збор за системи во кои се одгледува микроалгата хлорела вулгарис, која го користи јаглеродниот диоксид и ослободува кислород.

„Вкупно производство на три кубни метри кислород на ден и 72 кубни метри прочистен воздух дневно. Секој месец се произведуваат и 1.600 литри течно органско ѓубриво. Проектот е поддржан од УНДП, Европската комисија и Општина Кавадарци“, рече Ангелков.

Тој појасни дека станува збор за релативно евтина инсталација составена од 16 шишиња во кои се одгледува алгата.

„Кога ќе се презасити системот, 90 отсто од течноста се исфрла кај растенијата како органско ѓубриво. Алгата може да се прецеди на ткаенина, да се исуши на сонце и може и да се јаде. Значи, алгите веќе ги користиме, сите со години користиме спирулина“, објасни Ангелков.

Според него, системот истовремено функционира и како филтер за воздухот во просторијата.

„Воздухот влегува во течноста со алгата и тврдите честички од воздухот се апсорбираат во течноста, а одозгора излегува прочистен воздух. Практично имаме и филтер-станица која го прочистува воздухот. Потоа јаглерод диоксидот се претвора во кислород. Целата инсталација изгледа убаво, може да биде и како украс кога ќе светне во темносмарагдна боја, декоративна е и лесна за одржување“, истакна тој.

Ангелков додава дека ваквите системи, поради ниската цена и едноставното одржување, можат да се користат и во домовите.

„Микроалгите имаат брз раст и висок капацитет за фотосинтеза, особено оваа. Може да се истурат и во канализација, па отпадната вода заедно со овие микроалги побрзо се распаѓа и практично правиме и прочистување на канализацијата“, додаде Ангелков, кој е и претседател на здружението „Иднината е сега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во 10 кавадаречки училишта поставени „течни дрва“…

Во десет училишта во Кавадарци се произведени…

Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта

Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно…

Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица…

Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски…

Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…

Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…

Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…