Литванија ја укинува уставната забрана за нуклеарно оружје
Парламентот на Литванија гласаше за укинување на уставната забрана на земјата за нуклеарно оружје, во првото од двете гласања потребни за измена на Уставот.
Британските медиуми пренесуваат дека за предложената промена гласаа вкупно 106 од 141 пратеници во парламернот, додека второто гласање е закажано за 12 јануари.
За одобрување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство во двете гласања.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави во јули дека политичките партии се согласиле да ја укинат забраната, наведувајќи дека Русија ја менува безбедносната ситуација во регионот.
Науседа рече дека во моментов нема планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија, но укинувањето на забраната ќе ѝ овозможи на земјата да преземе соодветни чекори доколку се промени безбедносната ситуација.
Според него, Литванија ќе остане потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Литванија ја укинува уставната забрана за нуклеарно…
Парламентот на Литванија гласаше за укинување на…
Мицкоски: Македонска економија е многу постабилна од…
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека ставовите на…
Фехми Стафа пред суд – Парите не…
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој издржува…
Артан Груби бара укинување на мерката на…
Гаранција во недвижен имот вреден 335.707 евра…
35-годишна тетовчанка приведена по пријава дека ја…
35-годишна жена од Тетово е лишена од…