Нови тензии во Приштина: Демонстрантите најавуваат камења и тули, рокот за избор на претседател истекува денес
Политичката неизвесност во Приштина продолжува, а рокот за избор на претседател на привремените институции истекува денес. Доколку не биде постигнат договор и претседателот не биде избран, Собранието треба да се распушти, по што изборите мора да се одржат во рок од 45 дена, согласно одлуката на Уставниот суд.
Демократската партија на Косово (ДПК) го условува изборот на претседател со усвојување и во второ читање на предлог-законските измени со кои се бара ограничување на надлежностите на Специјализираните совети. Предлогот беше усвоен во прво читање во понеделникот, но меѓу ДПК и Самоопределување не бил постигнат договор за гласањето во второто читање.
Во понеделникот приврзаници на поранешната ОВК протестираа пред Собранието и Владата, барајќи усвојување на измените. Демонстрантите ги блокирале влезовите во Собранието и не им дозволувале на пратениците да ја напуштат зградата.
Во текот на вечерта дошло и до судири меѓу демонстрантите и полицијата, која употребила солзавец и водени топови за да го растера собирот и да овозможи пратениците да ја напуштат зградата.
Полицијата соопштила дека биле повредени шест полицајци и 11 демонстранти, додека началникот на итната медицинска служба, Насер Сила, изјавил дека медицинска помош побарале 12 лица – еден полицаец и 11 демонстранти.
Во повеќе наврати, за време на протестите, имало судири, при што биле фрлани пиротехнички средства и биле палени контејнери во близина на Собранието.
Организацијата на поранешни припадници на ОВК најави дека протестите ќе продолжат и денес. Нејзиниот претседател, Хисни Гуцати, изјавил дека учесниците овојпат „нема да дојдат со празни раце“, туку дека ќе носат камења и тули.
„Бидејќи Албин сака да оди до крај, тогаш и ние ќе одиме“, изјавил Гуцати, според „Коха“.
Доколку денес не биде избран претседателот, Собранието ќе биде распуштено и ќе следува распишување на нови избори. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови тензии во Приштина: Демонстрантите најавуваат камења…
Политичката неизвесност во Приштина продолжува, а рокот…
Мицкоски со одговор: Еве дали ќе се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за предлогот…
Мицкоски: Немам дилема за предвремени избори, Парламентот…
Немам дилема за предвремени избори. Парламентот е…
Царинска управа: Разбиена меѓународна криминална група поврзана…
По спроведена истрага на Oдделението за истраги…
Бизарна афера во Финска: Русија осомничена за…
Финска истражува серија мистериозни упади во домовите…