Објавено на:

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ

t

Министерството за здравство соопшти дека надлежната Комисија за имунизација донела одлука за времено одложување на инунизацијата со БСЖ вакцината поради проверка на сериите кои се користат кај нас што следи по информации од хрватските медиуми за несакани реакции од оваа вакцина, а кои се од ист производител.

– Во однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава, наведуваат од Министерството за здравство.

Од Министерството потенцираат дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза.

-Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, додека во 2026 се евидентирани 12 нови случаи. Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции, појаснуваат од МЗ.

Воедно, потенцираате дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ

Министерството за здравство соопшти дека надлежната Комисија…

Нови тензии во Приштина: Демонстрантите најавуваат камења…

Политичката неизвесност во Приштина продолжува, а рокот…

Мицкоски со одговор: Еве дали ќе се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за предлогот…

Мицкоски: Немам дилема за предвремени избори, Парламентот…

Немам дилема за предвремени избори. Парламентот е…

Царинска управа: Разбиена меѓународна криминална група поврзана…

По спроведена истрага на Oдделението за истраги…