Ексклузивно: Еве што е пронајдено кај омилените директорки на Перпарим – милионите на граѓаните ги трошеле на луксузни часновци и чанти
Инфомакс ексклузивно дознава дека при претрес кај осомничените вработени во Лотарија кои се сомничат дека украле милиони за време на директорувањето на Перпарим Бајрами се пронајдени луксузни предмети кои ниту еден административен работник не би можеле да си ги дозволи со својата плата.
Неофицијално кај една од вработените се пронајдени луксузни часновници, парфеми но и чанти од марката Хермес, Гучи, Шанел – предмети чија цена на чинење може да достигне и до неколку десетици илјади евра.
Според последните информации во моментов двете осомничени се наоѓаат на распит кај судија на претходна постапка и се одлучува за тоа какви мерки за претпазливост ќе определи судот.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две вработени во АД „Државна лотарија“ поради сомнение за сторени кривични дела „Проневера во службата“ и „Фалсификување или уништување деловни книги“, при што, според наводите, на друштвото му била предизвикана штета од 79.989.444 денари.
Како што соопшти Финансиската полиција, првопријавената А.Н., во својство на директор на Секторот за финансии и сметководство, заедно со второпријавената Д.Д., вработена како шеф на финансиски работи, не го уплатиле и депонирале на трансакциските сметки на друштвото целокупниот дневен промет од сопствените продажни места за 2024 година во износ од 46.038.720 денари.
Според пријавата, од банкарските сметки на АД „Државна лотарија“ дополнително биле подигнати 33.950.724 денари, кои, како што се наведува, противправно биле присвоени.
Од Управата за финансиска полиција посочуваат дека со цел да го прикријат недостигот на паричните средства, осомничените вршеле префрлање средства меѓу банкарските сметки на друштвото, креирале налози за трансакции и реализирале уплати и исплати со кои лажно се прикажувало дека биле извршени финансиски трансакции во значителни износи.
Воедно, според соопштението, била изготвувана и користена невистинита сметководствена и финансиска документација преку евидентирање фиктивни касовни исплати од благајната на друштвото, со што противправно присвоените средства биле раскнижувани на различни сметководствени конта и се прикривал нивниот недостиг во деловните книги.
Во рамки на истрагата, што се води во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, вчера биле извршени претреси на пет локации, од кои четири во Скопје и една во Валандово.
При претресите биле пронајдени и одземени сметководствена документација на АД „Државна лотарија“, мобилни телефони, лаптопи, УСБ-уреди, надворешни хард-дискови и друга електронска опрема, како и парични средства, злато, часовници со поголема вредност и брендирани чанти.
Финансиската полиција информира дека дополнително, во соседен двор до една од претресуваните локации, била пронајдена и одземена документација која е од интерес за постапката.
Во акцијата двете пријавени лица биле лишени од слобода.
Според Финансиската полиција, предметот произлегол од наодите утврдени при ревизијата спроведена од Државниот завод за ревизија во АД „Државна лотарија“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен по нападот врз Бугарија:…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се огласи и јавното обвинителство: Истрага за…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Ексклузивно: Еве што е пронајдено кај омилените…
Инфомакс ексклузивно дознава дека при претрес кај…
Битиќи се огради од навредливиот говор на…
Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир…
Паднаа уште две лица за милионски криминал…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…