Објавено на:

Француските ученици остануваат на улиците се додека не се исполнат нивните барања – протестите продолжуваат

t

Нов бран ученички протести ја зафати Франција, со блокади на стотици средни училишта и масовни демонстрации во Париз и повеќе други градови. На протестите им се приклучија наставници, родители, студенти и синдикати, а на повеќе места дојде и до судири со полицијата.

Рано утринава учениците од гимназијата „Софи Жермен“ во четвртиот париски арондисман го блокираа влезот во училиштето со канти за отпадоци и импровизирани барикади. Околу сто ученици се собрале пред објектот уште од седум часот.

Според француското Министерство за образование, наставата била целосно или делумно прекината во 891 од околу 3.700 средни училишта во земјата. Ученичкиот синдикат, пак, тврди дека околу 1.800 училишта биле блокирани, затворени или на друг начин погодени од протестите.

Во текот на денот на улиците низ Франција излегоа повеќе од 250.000 луѓе, според извештаите од протестите. Демонстрации беа организирани во Париз, Лион, Марсеј, Рен, Тулуз, Лил и други градови.

На повеќе места протестите прераснаа во судири. Полицијата употреби солзавец, а демонстранти фрлаа предмети и поставуваа барикади. Во Париз, кај училиштето „Елен Буше“, родители, наставници и активисти се обидуваа да формираат тампон-зона меѓу учениците и полицијата.

Учениците бараат повеќе средства за образованието, подобри услови во училиштата, помали паралелки и пополнување на испразнетите наставнички места. Дел од нив протестираат и поради нееднаквостите во образовниот систем и условите во училиштата во посиромашните населби.

Протестите дополнително се заострија по серијата повреди на ученици во полициските интервенции. Петнаесетгодишно момче во Ленс остана без дланка откако подигнало полициска граната за време на судирите, а француските власти соопштија дека од почетокот на протестното движење се повредени повеќе од 200 ученици.

Француската влада го осудува насилството и ја обвинува крајната левица дека политички го користи ученичкото движење, додека претставниците на левицата ги отфрлаат обвинувањата и ја критикуваат полициската реакција.

Националната консултативна комисија за човекови права изрази „длабока загриженост“ поради, како што оцени, несразмерната употреба на сила во дел од полициските интервенции. Комисијата повика на деескалација и дијалог со учениците, наставниците и родителите и предупреди дека целото ученичко движење не треба да се поистоветува со насилствата што се случуваат на маргините на протестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француските ученици остануваат на улиците се додека…

Нов бран ученички протести ја зафати Франција,…

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори…

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во Теарце,…

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…

„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува…

Европската комисија предлага новите членки на Европската…

Жестоки борби за Црвеното Море: Хутите тврдат…

Хутите тврдат дека и натаму ги контролираат…