Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија денеска ќе разговараат за сомневањата за појава на чума во Сибир, откако лабораториски работник почина во рускиот град Иркутск, додека руските власти наведуваат дека нема докази дека болеста е предизвикана од кој било од патогените со кои работела.
Состанок на Комитетот за здравствена безбедност, што разгледува сериозни прекугранични закани по здравјето, ќе се одржи утрово во Брисел, а таа тема беше додадена на дневен ред, објави „Еуроњуз“.
„Можам да потврдам дека инцидентот во Русија ќе биде на дневен ред на Комитетот за здравствена безбедност“, изјави портпарол на Европската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата…
Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија…
Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова…
Промена на времето се очекува од петок,…
Зеленски ја обвини Русија за нападите врз…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија…
Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската…
Шведската полиција синоќа застрела вооружен маж пред…
МИ6 проверува дали британските тајни се загрозени…
Британските разузнавачки служби истражуваат дали нивните доверливи…