„Визер“ доминира на македонските аеродроми: Превезува речиси две третини од патниците во Скопје
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ убедливо го држи најголемиот удел во патничкиот сообраќај на македонските аеродроми. Во првите девет месеци од годинава со компанијата патувале 63,8 проценти од патниците на Скопскиот и дури 70 проценти од патниците на Охридскиот аеродром, покажуваат податоците на ТАВ Македонија.
Од јануари до септември, Меѓународниот аеродром Скопје опслужил 3.065.692 патници. По „Визер“, најголем удел има „Пегасус ерлајнс“ со 9,4 проценти, а следуваат „Туркиш ерлајнс“ со 4,6, „Аџет“ со 3,5 и „Аустриан ерлајнс“ со 3,4 проценти.
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во истиот период опслужил 265.993 патници, при што седум од десет патници летале со „Визер“.
Вкупно, преку аеродромите во Скопје и Охрид во првите девет месеци од 2026 година поминале 3.331.685 патници, што е раст од 29 проценти во однос на истиот период минатата година. Реализирани биле 22.147 летови, или 10 проценти повеќе од лани.
Најпопуларна дестинација од Скопје останува Истанбул со удел од 13,5 проценти, сметајќи ги двата аеродрома во турската метропола. Следуваат Базел-Милуз, Минхен, Дортмунд и Цирих. Од Охрид најмногу се патувало кон Братислава, а потоа кон Базел, Дортмунд, Меминген и Цирих.
Силниот раст го потврдува и АЦИ Европа. Во август Македонија забележала раст на патничкиот сообраќај од 34,8 проценти, со што била меѓу најбрзорастечките авијациски пазари во европската групација што ја следи организацијата. Скопскиот аеродром истовремено бил меѓу најбрзорастечките аеродроми од средна големина во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…
Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…
Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“
Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…
Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…
Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…
Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…
Насилството меѓу децата и младите, со посебен…
Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија…
Тендерот за изградба на третата фаза од…