Објавено на:

(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На градите испишани „диктатор“, „психопат“ и „предавник

t

Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во кој на градите носи лепенки со зборовите „диктатор“, „психопат“, „предавник“, „монструм“ и други квалификации за кои вели дека со години ги слуша од политичките противници и критичарите.

Во видеото Вучиќ е облечен во едноставна црна маица, додека на неговите гради една по една се појавуваат лепенки со различни навреди и етикети. На крајот тие се отстрануваат, а на нивно место се појавува натписот „Обединета Србија“.

„Сето ова може да изгледа како кошмар, но не е. Ова е нашата јаве. Со години слушам навреди, лаги и закани. Некои зборови болат, некои оставаат трага. Но, не нè запреа“, порачува Вучиќ во видеото.

Тој додава дека нападите, како што вели, ги натерале повеќе да работат и да се борат и да не се откажуваат од Србија.

Спотот е дел од кампањата на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ пред парламентарните избори закажани за 25 октомври. Вучиќ е носител на листата и кандидат за иден премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…

Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…

Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“

Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…

Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…

Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…

Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…

Насилството меѓу децата и младите, со посебен…

Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија…

Тендерот за изградба на третата фаза од…