Објавено на:

Софија размислува да побара дополнителни сили од НАТО, откако дрон потопи брод во Бугарија

t

Црното Море се претвора во сè поопасна зона за цивилното поморство откако напад со беспилотни летала погоди два трговски брода во бугарската економска зона.

Еден од бродовите потонал, додека вториот бил оштетен.

Бугарските власти денеска соопштија дека ја прекинуваат операцијата за пронаоѓање на 12 членови на екипажот на потонатиот брод. Сите исчезнати морнари биле сириски државјани.

Спасувачките екипи пронашле чамец, три сплавови за спасување и делови од опремата на бродот, но не и преживеани.

Инцидентот се случил на околу 70 наутички милји, односно приближно 130 километри од бугарскиот брег.

Особено загрижувачки е што, според бугарските власти, во нападот биле употребени и воздушни и поморски дронови.

Засега нема конечен доказ кој стои зад нападот.

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека товарот и насоката на движење на бродовите би можеле да упатуваат на Русија, но нагласи дека Софија нема докази врз основа на кои може официјално да ја обвини Москва.

Руската амбасада во Софија негираше дека трговскиот брод бил цел на рускиот напад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изјави дека истрагата покажувала руска одговорност, но Радев негираше дека постои заедничка бугарско-украинска истрага.

Она што следува може да биде уште поважно.

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави консултации со Турција и Романија за заштита на трговското поморство во Црното Море.

Софија разгледува и можност од НАТО да побара дополнителни средства за воздушно и поморско набљудување, како и системи за борба против дронови.

Бугарската влада дополнително планира да одобри купување уште пет системи земја-воздух.

Инцидентот е уште еден знак дека последиците од војната во Украина сè повеќе се приближуваат до поморските и економските интереси на членките на НАТО на Црното Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Софија размислува да побара дополнителни сили од…

Црното Море се претвора во сè поопасна…

Во напад со дрон оштетен најголемиот дата-центар…

Во напад со дрон извршен ноќеска оштетен…

Хормуз повторно гори: Рекорден број напади врз…

Безбедносната ситуација во Ормутскиот Теснец повторно драматично…

Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…

Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…

Белата куќа бара нови опции за напад…

Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…