Објавено на:

Пентагон се подготвува за нова голема војна против Иран

t

Американскиот Пентагон му наложил на Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) да ги заврши подготовките за евентуално обновување на големите воени операции против Иран, објавува „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници.

Според информациите, наредбата била издадена пред неколку дена, а американската воена команда добила задача да биде подготвена за нова фаза од конфликтот, која би можела да вклучува масовни воздушни напади врз стратешки цели на иранска територија.

Иако подготовките наводно се во напредна фаза, американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за започнување нова воена операција, ниту е утврден конкретен датум за напад.

Според американски и израелски извори на кои се повикува извештајот, евентуалната операција би можела да започне пред американските конгресни избори на 3 ноември, а потенцијално и пред израелските избори закажани за 27 октомври.

Плановите што наводно се разгледуваат предвидуваат големи напади врз иранската енергетска инфраструктура, стратешки индустриски и воени објекти, како и врз цели поврзани со нуклеарната програма на Техеран.

Во евентуалната операција се очекува тесна координација меѓу Вашингтон и Тел Авив, при што израелските вооружени сили би можеле директно да учествуваат во нападите.

Дополнително, според објавените информации, тимот за национална безбедност на Трамп во петокот одржал повеќечасовни разговори во претседателската резиденција Кемп Дејвид, каде една од темите било евентуалното враќање на војната против Иран во полн обем.

Паралелно со информациите на „Аксиос“, американскиот магазин „Атлантик“ објави дека Белата куќа побарала од Пентагон да подготви дополнителни опции за напади врз Иран кои би можеле да бидат реализирани уште пред изборите на 3 ноември.

Според изворите на магазинот, дел од американската администрација смета дека ограничена воена операција би можела да му овозможи на Трамп да прикаже конкретен резултат во конфликтот и да придонесе за намалување на цените на горивата. Сепак, други претставници предупредуваат дека нова ескалација би можела да има спротивен ефект, дополнително да ја поскапи нафтата и да ги изложи американските сили во регионот на ирански напади.

Според „Волстрит журнал“, САД веќе располагаат со повеќе од 50.000 војници во регионот, а дополнително распоредуваат носачи на авиони и други воени капацитети.

Иран, од своја страна, предупредува дека евентуалното обновување на американските напади би предизвикало посилен одговор. Според претходно објавени информации на „Ројтерс“, Техеран разгледува проширување на потенцијалните цели за одмазднички операции, вклучително и американски воени објекти и интереси на сојузничките земји.

Најновите информации отвораат сериозни прашања за поврзаноста меѓу военото планирање и изборниот календар во САД и Израел. Сепак, и покрај интензивните подготовки, засега нема потврда дека е донесена политичка одлука за нова војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон се подготвува за нова голема војна…

Американскиот Пентагон му наложил на Централната команда…

Марта Кос: Мојата визија е дека еден…

„Денеска сме тука да работиме за подобри…

Димовска: Со години укажуваме дека постојат многу…

Компаниите членки на Стопанската комора со години…

Апсење на ГП Табановце, Австриец заврши со…

На 07.10.2026 во 18.00 часот на Граничен…

Ќе се изведуваат докази во новото судење…

Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен…