Нови експлозии во Саудиска Арабија: Аеродромот во Ријад беше затворен поради силна детонација

t

Неколку силни експлозии одекнаа денеска во саудиската престолнина Ријад, вклучително и во реонот на меѓународниот аеродром „Крал Халид“, каде воздушниот сообраќај беше привремено прекинат.

Хутите од Јемен подоцна ја презедоа одговорноста за нападот, тврдејќи дека кон аеродромот била истрелана балистичка ракета. Саудиските власти не ја потврдија веднаш нивната верзија за нападот.

Сведоци изјавиле дека по експлозиите биле забележани чад и противпожарни и медицински екипи, додека патниците биле евакуирани и им било наредено да го остават багажот. Ројтерс објави и дека чад се издигнувал од паркиран авион, за кој се верува дека во моментот бил празен.

„Флајтрадар24“ претходно соопшти дека аеродромот повторно бил затворен, откако повеќе од еден час немало ниту слетувања ниту полетувања.

Најновиот напад следува само еден ден откако во напади врз аеродромите во Ријад и Абха загинаа три лица, а повеќе од 30 беа повредени. Хутите ја презедоа одговорноста и за тие напади.

Ескалацијата веднаш се одрази и врз пазарите. Цената на нафтата нагло порасна поради стравувањата од дополнително нарушување на снабдувањето од Блискиот Исток и нападите врз клучната инфраструктура во регионот.

Во меѓувреме, Саудиска Арабија и јеменските сили што ги поддржува продолжуваат со копнени и воздушни операции против Хутите во близина на Баб ел-Мандеб и западниот брег на Јемен, каде борбите значително се интензивираа во последните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови експлозии во Саудиска Арабија: Аеродромот во…

Неколку силни експлозии одекнаа денеска во саудиската…

Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени…

Околу 100 македонски компании се пријавиле за…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Речиси 200 наставници од 80 училишта обучени…

Речиси 200 наставници од 80 средни училишта…

Македонци во Грција добиваат полициски повици за…

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…