Доаѓа снег во Македонија: УХМР откри кога дождот ќе премине во снег
Македонија од утре влегува во период на нестабилно време, а во текот на следната седмица на дел од повисоките планини се очекуваат и врнежи од снег.
Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на одредени места ќе има услови и за ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 22 до 29 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура во главниот град ќе се спушти до околу 6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени.
Поголема промена ќе започне под влијание на циклонска активност, која ќе се задржи од утре до средината на следната седмица.
Во овој период се очекуваат почести врнежи од дожд, кои локално ќе бидат и пообилни.
Особено во недела, на одредени места може да наврнат повеќе од 20 литри дожд на квадратен метар.
Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Нов пресврт се очекува во вторник, кога Македонија ќе биде под влијание на постуден воздушен бран.
Тогаш, според УХМР, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доаѓа снег во Македонија: УХМР откри кога…
Македонија од утре влегува во период на…
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…