Муцунски на средбата со Петрова-Чамова: Прашањата за идентитетот, историјата и културата не смеат да бидат пречка за ЕУ
На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.
Министерот Муцунски ја оцени средбата како конструктивна и одржана во позитивен дух, притоа нагласувајќи дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени.
Во однос на европската интеграција, Муцунски посочи дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба, која, од наша перспектива, е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања.
„Нашите позиции се апсолутно јасни. Стратешки интерес и на Бугарија е ние да се движиме напред по европскиот пат. Но, ние сме земја која низ годините постојано се соочувала со билатерални барања. Кога ќе се затворело едно билатерално прашање, потоа се отворало ново“, истакна Муцунски.
МНР и НТ
На средбата беше разговарано и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што беше потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите.
Министерот нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Тој истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски на средбата со Петрова-Чамова: Прашањата за…
На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот…
Њујорк тајмс: САД подготвуваат тридневна воена кампања…
Соединетите Американски Држави, според информации што му…
Кличко ги повика жителите на Киев привремено…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повикал…
Хутите го нападнале Абкаик, најголемиот комплекс за…
Нови информации за напад врз енергетскиот комплекс…
Нова здравствена закана во САД: Сексуално пренослива…
Американските здравствени експерти предупредуваат на ширењето на…