Полицијата во засилена акција: 161 прекршок кај моторџии, велосипедисти и возачи на тротинети
Полицијата вчера спровела засилени сообраќајни контроли низ целата држава, насочени кон возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила.
Во акцијата, која траела од 11 до 17 часот, биле констатирани вкупно 161 прекршок, за кои биле преземени соодветни мерки.
Најмногу прекршоци биле евидентирани на подрачјето на СВР Битола – 44. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот регистрирала 28 прекршоци, додека во Велес и Струмица биле утврдени по 22.
Во рамките на контролите биле поднесени и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Покрај прекршоците кај возачите на двоколки и лесни електрични возила, полицијата регистрирала уште 493 други сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел поголема безбедност и почитување на сообраќајните правила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата во засилена акција: 161 прекршок кај…
Полицијата вчера спровела засилени сообраќајни контроли низ…
Владата ја продолжува мерката за намалување на…
Владата ја продолжува мерката со која ДДВ…
Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното…
Америка подготвува јавна егзекуција по 90 години:…
Американската војска планира во живо да ја…
Мицкоски: Уставните измени остануваат услов, бараме начин…
Ставот на Владата за уставните измени како…