Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“
Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари и фронтмен на култниот бенд „Мајке“, почина во 62. година од животот. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на бендот.
Марио Рашиќ и Ален Тибљаш изјавиле дека денеска околу 13 часот го пронашле Баре без знаци на живот во неговиот стан. Причината за смртта засега не е официјално соопштена.
Баре беше една од највпечатливите фигури на хрватската рок-сцена. Како пејач и автор на „Мајке“ остави силен белег со песни како „Teške boje“, „Mene ne zanima“, „Vrijeme je da se krene“ и „Budi ponosan“.
Неговата повеќедецениска кариера ја одбележаа препознатливиот глас, силните настапи во живо и бескомпромисниот авторски израз, но и тешките лични периоди за кои отворено зборуваше во јавноста.
Кон крајот на септември на Баре му се слоши за време на настап во Макарска, поради што концертот беше прекинат уште на почетокот. Од бендот тогаш соопштија дека тој е добро, а потоа беше најавена пауза од настапите.
Со смртта на Баре, хрватската рок-сцена остана без еден од своите најпрепознатливи и највлијателни автори и изведувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костовски: Денот кога е прогласен стечај на…
Трифун Костовски беше поканет на денешната надзорна…
Пуџдемон рече дека ќе се врати во…
Каталонскиот сепаратист и поранешен регионален лидер Карлес…
Монструм од Струмица силувал 12-годишно девојче
На 23.11.2026 во Струмица, полициски службеници од…
Младите брачни парови до 35 години ќе…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…
Костовски: Барам одговори зошто НБРМ не ја…
На денешната надзорна расправа за АЛТА банка…