Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

t

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека по завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Со активирањето на системот се очекува засилена и континуирана контрола во сообраќајот, побрзо откривање на прекршоците, поголема дисциплина кај возачите и подобрување на безбедноста на патиштата.

Од МВР апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност.

„Безбеден град“ е во функција од 1 февруари годинава, а во почетниот период граѓаните биле известувани за прекршоците, додека системот се тестирал и унапредувал.

Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 проценти во споредба со истиот период лани, односно имало 34 жртви помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО уште чека информација од Русија за…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…

Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…

Маск го поддржа Трамп во критиките кон…

Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…

Полските власти добиле информации за можен напад…

Полските власти добиле информации за можен напад…