Скопјанец превезувал седум мигранти кај Богородица, полицијата уапсила и малолетник
Полицијата уапси 39-годишен скопјанец откако во автомобил што го управувал кај селото Богородица, гевгелиско, биле пронајдени седум мигранти. Во врска со истиот случај подоцна бил уапсен и 17-годишен државјанин на Египет, со привремен престој во Грција, соопшти МВР.
Б.К. (39) од Скопје бил лишен од слобода на 11 октомври околу 16:50 часот. При преглед на неговото возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле пет лица од Авганистан и две од Египет.
Околу 18:30 часот биле пронајдени уште двајца египетски државјани кои, според полицијата, биле дел од истата група, но не влегле во возилото на местото викано Краварски пат.
Во рамки на постапувањето, на 12 октомври, пет минути по полноќ, полицијата го уапсила и 17-годишниот државјанин на Египет поради сомнение за криумчарење мигранти.
Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, додека скопјанецот и малолетникот се задржани во полициска станица.
Од МВР најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец превезувал седум мигранти кај Богородица, полицијата…
Полицијата уапси 39-годишен скопјанец откако во автомобил…
Дива свиња излетала на патот кај Гевгелија:…
На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено…
Иран отвора нов фронт против Google и…
Иран разгледува воведување нов режим на контрола…
Анкета на „Ипсос“: Популарноста на Макрон падна…
Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна…
Скандалот продолжува: Бугарскиот министер за внатрешни работи…
Министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван…