Нема крај на несовесноста: Граѓани исфрлиле душеци во Националниот парк Галичица!
Несовесни граѓани исфрлиле повеќе душеци покрај патот кон селото Велестово, во рамките на Националниот парк Галичица, објавува „Охрид1“.
До редакцијата биле доставени фотографии на кои се гледа автомобил натоварен со душеци, врзани на покривот. Според сведоштвата на граѓаните кои го документирале случајот, лицата со возилото застанале покрај патот, ги истовариле душеците и ги оставиле во природата.
Граѓаните кои ги направиле фотографиите најавиле дека за случајот ќе ја известат надлежната инспекциска служба.

Од „Охрид1“ потсетуваат дека ова не е изолиран случај и дека во Охрид и околината сè почесто се забележува непрописно исфрлање кабаст отпад, вклучително душеци, стар мебел и градежен шут.
Дополнително, ЈП „Охридски комуналец“ има организирано подигање кабаст отпад, поради што од медиумот апелираат надлежните институции да го испитаат случајот и, доколку се утврди прекршок, да следуваат соодветни санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема крај на несовесноста: Граѓани исфрлиле душеци…
Несовесни граѓани исфрлиле повеќе душеци покрај патот…
Нетанјаху бара да се откријат и гонат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да бидат…
Граѓаните се повикуваат на помош доколку ја…
Полицијата трага по 38-годишната Јаница Цековска, која…
Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работно и…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот…
Путин нуди прекин на нападите само на…
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да…