Објавено на:

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани

t

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека западните сојузници не смеат да попуштаат пред „руската закана“, реагирајќи на последните изјави и потези на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со војната во Украина.
За време на посетата на Автомобилскиот саем во Париз, Макрон изјави дека во моментов нема причини за промена на досегашниот став кон Москва, бидејќи, како што рече, руските напади врз Украина продолжуваат.

„Русите продолжија да ја бомбардираат енергетската инфраструктура и во изминатите часови. Русија продолжува да ги бомбардира и цивилите и инфраструктурата во Украина“, изјави Макрон.

Тој додаде дека ја поддржува идејата за прекин на нападите врз енергетските објекти и продолжување на мировните преговори, но нагласи дека тоа не смее да значи отстапување пред Москва.

„Да за барањето прекин на огнот кога станува збор за енергетиката, но не и за попуштање пред руската закана“, порача францускиот претседател.

Макрон истакна дека би требало да се разговара и за запирање на нападите врз објекти во Црното Море, како дел од пошироките напори за деескалација на конфликтот.

Неговата реакција следува откако Трамп соопшти дека стапува во сила енергетско примирје меѓу Русија и Украина.
По изјавата на американскиот претседател, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја информираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека биле регистрирани нови руски напади врз украинскиот енергетски сектор.

Макрон најави дека во текот на денот ќе разговара со Трамп за најновите случувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не…

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека западните…

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката за…

Познат е идентитетот на лицето кое го…

Трамп и Рубио размислуваат да ја разрешат…

## Трамп и Рубио размислуваат да ја…

(Видео) Скандал околу адвокатот на Ива Михајлова:…

Бугарскиот адвокат Николај Димитров, кој ја застапува…

Доцни мечот на Ал Наср, светот се…

Мечот помеѓу тимот на Ал Нарс, за…