(Видео) Скандал околу адвокатот на Ива Михајлова: Татко на загинато девојче тврди дека бил следен од вработен на Димитров
Бугарскиот адвокат Николај Димитров, кој ја застапува Ива Михајлова и кој тврди дека ја пренел од Македонија во Бугарија, пред само неколку месеци се најде во центарот на жесток јавен конфликт во Бугарија, откако таткото на загинатата 12-годишна Сијана јавно изнесе сериозни обвинувања на негова сметка.
Станува збор за Николај Попов, чија ќерка Сијана загина во сообраќајна несреќа. Во јули годинава, во емисијата „Офанзива“ на бугарската телевизија „Нова“, Попов тврдеше дека лица поврзани со таканаречената „патна мафија“ во Бугарија го следеле и му се заканувале, а во тој контекст ја спомена и адвокатската канцеларија на Димитров.
Димитров со случаи поврзани со сообраќајни несреќи во Бугарија се занимава уште од 2012 година. Попов, пак, тврдеше дека во неговата адвокатска канцеларија бил вработен боксер кој бил поврзан со следењето.
Тие делат милиони од сообраќајни несреќи, а една од тие адвокатски канцеларии беше вклучена во моето следење. Можат да наместат каков било случај што ќе посакаат. Го покренав ова прашање со поднесување официјална пријава, која стоеше нерешена шест месеци пред новата управа да преземе мерки во врска со неа. Овие луѓе повеќе не можат да се извлечат со она што го правеле, рече Попов.
Попов во истото гостување изјави дека закани добивал уште од декември и дека му биле нудени и поволности за да молчи. Според неговите тврдења, следењето било поврзано со лице кое било на платен список во канцеларијата на Димитров.
Последната порака што ја добив беше дека ќе бидам ликвидиран. Повелете, ликвидирајте ме. Му се обраќам на новиот шеф на ДАНС – оваа мафија ги пуштила своите пипки и во неговата агенција. Докажано е дека сум следен, а во тоа дефинитивно е вклучено лице што е на платниот список на фирмата на адвокатот Николај Димитров. Станува збор за боксер, не знам каква точно е неговата работа таму, рече Николај Попов а пренесоа бугарските медиуми.
Обвинувањата доведоа до бурна сцена во студиото. Откако го слушнал Попов, Димитров се појавил во емисијата и побарал право на одговор, по што меѓу двајцата избувнал жесток вербален конфликт.
Адвокатот ги отфрлил тврдењата дека негов вработен го следел Попов и возвратил:
„Веќе неколку дена мојата адвокатска канцеларија е цел на закани од Николај Попов, во кои тој го обвинува мојот технички помошник дека го следел за хонорар од 2.000 евра дневно. Тој нема никаков рејтинг и едноставно измислува работи.“
Во продолжение на расправијата, Димитров го нарекол Попов „сатана“ и го обвинил дека „профитира од смртта на својата ќерка“, а дополнително изјавил и дека „автомобилот бил 30 години стар“.
Попов веднаш возвратил:
Ти си никаквец. Не лажи. Мафијата ми го уби детето, а автомобилот беше сосема нов.
По ескалацијата на расправијата, водителот Љубомир Огњанов побарал од Димитров да го напушти студиото, оценувајќи дека со употребениот јазик ја преминал границата на пристојноста.
Случајот повторно привлекува внимание поради улогата на Димитров како адвокат на Ива Михајлова, која во Македонија се соочува со судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, а нејзиното заминување во Бугарија отвори низа прашања за начинот на кој ја напуштила земјата.
Целото видео можете да го погледнете на следниот линк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Скандал околу адвокатот на Ива Михајлова:…
Бугарскиот адвокат Николај Димитров, кој ја застапува…
Доцни мечот на Ал Наср, светот се…
Мечот помеѓу тимот на Ал Нарс, за…
ЕУ подготвува построги визни правила за руските…
Европската комисија ги финализира плановите за дополнително…
Ријад под закана: Бин Салман во обезбедувани…
Сè пожестокиот конфликт со Хутите во Јемен…
Шведски државјанин ограбен од малолетници во Градски…
Дваесет и седумгодишен државјанин на Шведска пријавил…