Дарио Ивановски обезбеди пласман на Светското првенство во Пекинг

t

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика, кое следната година ќе се одржи во Пекинг.

Ивановски во квалификацискиот период собра доволно бодови за да се најде меѓу најдобрите маратонци во светот и во моментов се наоѓа на 65. место на квалификациската листа. На Светското првенство ќе настапат најдобрите 100 натпреварувачи во маратонската дисциплина.

Неговиот тренер Игор Јакимовски соопшти дека Ивановски практично веќе има обезбедено место на шампионатот, дури и ако до стартот на натпреварувањето не настапи на друга трка.

„Дарио уште сега е пласиран на СП Пекинг 2027 година, дури и доколку воопшто не се натпреварува до стартот на следниот глобален настан на најдобрите светски атлетичари“, порача Јакимовски.

Тој додаде дека, доколку Ивановски до јули 2027 година не постигне подобар резултат или пласман од оној на Скопскиот маратон, неговата позиција би можела да се спушти најмногу до 85. место, што и натаму би било во рамките на квотата од 100 натпреварувачи.

Јакимовски нагласи дека успехот е значаен и за Скопскиот маратон, чии резултати се признаваат во меѓународниот квалификациски систем.

„Ова е успех и за Скопскиот маратон, чие име стои веднаш зад името на Дарио Ивановски во квалификациите за Пекинг“, истакна тренерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дарио Ивановски обезбеди пласман на Светското првенство…

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски обезбеди пласман на…

Од 1 ноември Црна Гора воведува визи,…

Најавеното воведување визен режим за граѓаните на…

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не…

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека западните…

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката за…

Познат е идентитетот на лицето кое го…

Трамп и Рубио размислуваат да ја разрешат…

## Трамп и Рубио размислуваат да ја…