Седрак: Невозможно е Михаилова да минала на граничен премин, треба да се „организираат“ 8 луѓе плус „Фронтекс“ за таков чин

t

Невозможно е да се премине границата како што тоа го тврди Ива Михаилова, изјави во емисијата „Колегиум“ аналитичарот Раби Седрак кој учествувал во многу проекти поврзани со границата и нејзиното обезбедување. Тој вели дека е невозможна мисија да се организираат најмалку 8 луѓе од евете страни на границата и во тоа да се вклучи и мисијата на „Фронтекс“ за да Михаилова мине без патна исправа. Поверојатно, минала нелегално преку некоја од мигрантските рути, цени познавачот на состојбите на ова аполе.

-Јас не верувам во приказната за нејзниот влез во Бугарија и премин преку граница. Поверојатно, тоа е мое лично мислење, таа влегла преку нелегални, односно неофицијални рути кои ги користат и мигрантите кои влегуваат дали преку Балканската или преку Медитеранската рута, затоа што вакво нешто е невозможно. За да се направи вакво нешто преку легален премин, ова е знаете организиран криминал. Ние тука зборуваме за нешто во кое ти треба да знаеш да оркестрираш помеѓу најмалку 4 луѓе од македонската страна и 4 од бугарската страна и Фронтекс да се договарат за да може да помине. Така да, таа дефинитивно поминала на нелегален начин, изјави Седрак во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Ива Михајлова од Кочани, за која во сила е активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија, соопшти претходно Министерството за внатрешни работи кое извршило проверки во системот за гранична контрола.

МВР информира дека Михајлова, за која се објавува дека ја напуштила Македонија, во Бугарија влегла исто така нелегално.

-Преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија, соопшти попладнево МВР.

Според податоците од граничните евиденции, информира Министерството, последен пат Михајлова остварила влез во Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран нејзин излез од Бугарија, односно влез во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седрак: Невозможно е Михаилова да минала на…

Невозможно е да се премине границата како…

(Видео) Хакери претвориле замрзнувачи во грејачи: Речиси…

Необичен кибербезбедносен инцидент е пријавен во Франција,…

(Видео) Мексикански картели на украинскиот фронт? Снимка…

Мексикански картели на украинскиот фронт? Снимка отвора…

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на…

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата…

Додека организираа бегство на Михајлова, Русите ги…

Два трговски брода биле нападнати во Црното…