(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев влијаеле врз лекарскиот извештај за Михаилова

t

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат истрага за лекарскиот извештај поврзан со здравствената состојба на Ива Михаилова и изнесе сомневања дека врз неговото изготвување можело да има политичко влијание.

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција посочи дека извештајот го изготвил неврологот Иван Барбов, кој во 2017 година бил назначен за директор на Клиниката за неврологија.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговори од поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дали имале било какво влијание врз изготвувањето на медицинскиот документ.

„Очекуваме одговори од Филипче и Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов, да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто Филипче и Заев си играат со довербата на јавноста?“, праша Манасиевски.

Од партијата повикаа институциите да постапат по допрен глас и да утврдат дали имало влијание или ургенции при изготвувањето на извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…

Европа отвора нови рудници – Македонија сè…

Бакарот станува една од клучните суровини во…

Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките…

Новите правила за училишни униформи во Азербејџан,…

Судот не му го врати пасошот на…

На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…