Случајот Михајлова ја тресе Неврологија: Барбов призна дека ја дал дијагнозата, тврди не знаел дека убила човек – инспекторати ја проверуваат клиниката

t

Ива Михајлова воопшто не ми кажа дека ја гонат за сообраќајка со смртни последици, ниту пак знаев дека против неа ќе се води судска постапка кога дадов предлог да се лекува во Бугарија и тоа само како опција, а не како единствено лекување, тврди во изјава за „Слободен печат“ професор доктор Иван Барбов од Универзитетската клиника за неврологија. Тој додава дека таа повеќе пати доаѓала кај него на преглед во ЈЗУ Клиника за неврологија, каде примала терапија.

Според него, Михајлова имала само бугарско здравствено осигурување и овој факт му влијаел да го даде мислењето дека може да се лекува во Бугарија кое што не било прифатено од судот. Барбов за „Слободен печат“ рече дека не се чувствува одговорен за тоа што Ива Михајлова избега во Бугарија и додаде дека ЈЗУ Клиника за неврологија никогаш на стручен колегиум не дискутирала на темата да се даде конзилијарно мислење до Комисијата на ФЗОМ која одобрува лекување во странство за Ива Михајлова. Следствено, додаде тој – неговиот предлог не влегол во никаква постапка за издавање на мислење за лекување во странство.

Утринава според информации кои што за „Слободен печат“ ги потврди директорот на ЈЗУ Клиника за неврологија за „Слободен печат“ асистент доктор Јован Божиновски, Државниот здравствен и санитарен инспекторат бил повикан на Клиниката од негова страна, да изврши надзор во лекувањето на Ива Михајлова на клиниката.

-Јас побарав, нема што да криеме. Никогаш не сме имале стручен колегиум на кој сме дале конзилијарно мислење кое би морало да биде испратено до Комисијата на ФЗОМ за лекување во странство. Нас такво барање од Ива Михајлова не ни има стигнато воопшто, рече директорот доктор Божиновски за „Слободен печат“.

Медицинскиот извештај изготвен од неврологот доктор Барбов се најде во фокусот на јавноста откако беше објавен документ со негов факсимил од системот „Мој Термин“ во кој тој препорачал лекување во странство на Ива Михајлова. Во извештајот доктор Барбов предложил терапија со баклофенска или дуодопа пумпа.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случајот Михајлова ја тресе Неврологија: Барбов призна…

Ива Михајлова воопшто не ми кажа дека…

Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше…

Ковачевски одби да даде одговор на прашањето…

(Документи и докази) Стејт департментот го нотирал…

Американскиот Стејт департмент во својот извештај за…

(Фото) Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде…

Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги…

Зеленски: Русија со синоќешните напади покажа непочитување…

Руските напади врз енергетската инфраструктура во Украина…