МУ БАРАЛЕ 10.000 ЕВРА И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ: Уапсени тројца скопјани во акцијата „Чистач“
Тројца скопјани на возраст од 43, 35 и 61 година се приведени под сомнение дека уценувале жител на Делчево, од кого барале 10.000 евра и му се заканувале дека ќе објават компромитирачки материјали ако не им ги даде парите.
Тројцата, со иницијали З.Б. (61), М.Б. (35) и Б. (43), биле приведени во рамки на оперативната акција „Чистач“, при која полициски екипи извршиле претреси на две локации во Скопје.
Според пријавеното, повеќе лица од Скопје му се заканувале на жителот на Делчево по животот и телото, барајќи од него да им исплати 10.000 евра. Како средство за притисок, наводно му се заканувале дека ќе објават компромитирачки материјали доколку не ја исполни нивната побарувачка.
Случајот го истражува Основното јавно обвинителство во Делчево, каде што е оформен предмет за кривичните дела „уцена“ и „загрозување на сигурноста“.
При претресите бил пронајден и пиштол „М57“ со калибар од 7,62 милиметри. Проверките покажале дека оружјето потекнува од кривично дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.
Акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ, насилен криминал и семејно насилство, во соработка со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје.
По целосното документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МУ БАРАЛЕ 10.000 ЕВРА И МУ СЕ…
Тројца скопјани на возраст од 43, 35…
Случајот Михајлова ја тресе Неврологија: Барбов призна…
Ива Михајлова воопшто не ми кажа дека…
Ковачевски: СДСМ претрпе сериозен изборен пораз, имаше…
Ковачевски одби да даде одговор на прашањето…
(Документи и докази) Стејт департментот го нотирал…
Американскиот Стејт департмент во својот извештај за…
(Фото) Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде…
Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги…