БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА

t

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова на Македонија, за која вчера Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, откако викендов таа избега во Бугарија, а во судот во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Бугарското министерство соопшти дека добило порака од ИНТЕРПОЛ – Скопје со барање за апсење и екстрадиција на Ива Михаилова – бугарска државјанка и државјанка на Македонија, која е обвинета за кривично дело казниво според член 300 од Кривичниот законик на Македонија и дека против неа е издадена потерница од страна на Судот во Кочани на 13 октомври 2026 година.

„Во моментов за Михајлова нема издадена црвена потерница. Бугарските власти не презеле дејства за утврдување каде се наоѓа Михајлова на територијата на Бугарија. Потсетуваме дека според член 25, став 4 од Уставот на Република Бугарија, државјанин на Бугарија не може да биде предаден на друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа е предвидено со меѓународен договор што е ратификуван, објавен и стапил во сила за Република Бугарија. Член 6, став 1, точка а од Европската конвенција за екстрадиција гласи: Секоја договорна страна има право да одбие екстрадиција на свои државјани“, соопштени бугарското МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и вицепремиерот Александар Николоски вчера рекоа дека очекуваат Бугарија да ја почитува меѓународната потерница и ја уапси и да ја предаде обвинетата Михаилова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА…

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова…

Полска размислува за воведување на задолжителна воена…

Полска размислува за воведување на задолжителна воена…

296 сообраќајни прекршоци за два дена преку…

Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани преку…

ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…

Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…