Кривични пријави за случајот со тепаните приведени: Им одзеле пиштол на полицајци, бегале со „бмв“ и се гонат и за дрога
Кривични пријави се поднесени против три лица по инцидентот од 7 октомври во Скопје, кога двајца млади скопјани со „бмв“ избегале од полицијата, откако еден од нив му одзел службен пиштол на полициски службеник. Во јавноста потоа се појавија и информации дека приведените биле физички малтретирани, поради што случајот го испитува и Одделот за внатрешна контрола при МВР.
Според полицијата, настанот започнал околу 20:25 часот на улицата „Црногорска“, каде била поставена заседа по претходни оперативни сознанија за планирана купопродажба на марихуана.
Кога полициските службеници се приближиле до возилото за легитимирање и преглед, возачот го стартувал „бмв“-то и удрил во бандера, а низ прозорецот фрлил кеса со марихуана.
Еден од полицајците го извадил службениот пиштол и му наредил на возачот да запре, но совозачот успеал да му го одземе оружјето. Возачот потоа повторно тргнал и започнала потера по улицата „Ѓорче Петров“ кон автопатот Скопје – Тетово.
За време на потерата, според МВР, возачот не ги почитувал полициските светлосни и звучни сигнали, а еден полициски службеник испукал три предупредувачки истрели во воздух.
Потерата завршила откако автомобилот удрил во заштитната ограда на автопатот и се извртел. Возачот П.А. (24) и совозачот Е.П. (21) биле приведени, а полицијата го пронашла службениот пиштол и фрлената кеса со марихуана.
Против двајцата се поднесени кривични пријави за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. За делото поврзано со наркотични дроги е пријавен и М.Т., за кого полицијата располага со сознанија дека е поврзан со случајот.
Паралелно, Одделот за внатрешна контрола презема мерки за да утврди дали имало неправилности во постапувањето на полициските службеници и евентуално пречекорување на овластувањата при приведувањето. Засега не е соопштено дали е утврдена одговорност кај некој од полицајците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за случајот со тепаните приведени:…
Кривични пријави се поднесени против три лица…
Сиљановска-Давкова: Историската вистина за Холокаустот на македонските…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Емирот на Катар предупредува: Мора да бидеме…
Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад…
(Видео) Кличко до Зеленски: Каде е ПВО…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска се…
БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА…
Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова…