Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред изборите во Израел
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не е за превентивни напади врз Иран пред парламентарните избори во Израел на 27 октомври, но ги предупреди Техеран и неговите сојузници да не го напаѓаат ниту Израел, објавија британските медиуми.
„За нас, тоа не е опција, ние не го разгледуваме тоа“, рече Нетанјаху во интервју за Израелското воено радио, кога беше прашан за можноста за превентивни напади и обвинувањата од неговите политички противници дека бара воена конфронтација пред изборите.
„Дури и ако Иран испука ракети кон нас, тие повторно ќе ме обвинат“, рече израелскиот премиер.
Нетанјаху ги повтори своите претходни предупредувања до Иран дека Израел ќе одговори цврсто ако биде нападнат.
Тој одби да образложи за можноста за превентивен напад по изборите или за неговите неодамнешни разговори со Вашингтон за Иран.
САД и Иран се во војна од 28 февруари, кога Вашингтон и Тел Авив го нападнаа Техеран, кој одговори со напади врз Израел и земјите од Заливот, потсетуваат британските медиуми.
Иран и Израел не размениле напади од јуни.
На прашањето дали Израел ѝ помага на Саудиска Арабија во нејзините воени операции против бунтовниците Хути во Јемен, кои се сојузници на Иран, Нетанјаху одговори: „Не сакам да навлегувам во ова прашање. Можам само да ви кажам дека многу земји на Блискиот Исток се свртуваат кон нас, по нашите огромни успеси и значајни достигнувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…
ФБИ со честитка до МВР за акцијата…
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ѝ честита…