(Видео) Со полициски пресретнувач фатен мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

t

На автопатот Гостивар – Тетово, вчера попладне полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, кој се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

-Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот, информираат од Министерството.

Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со полициски пресретнувач фатен мотоциклист кој…

На автопатот Гостивар – Тетово, вчера попладне…

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за…

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Трамп остро го нападна Зеленски: Не, не…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно остро го…

Рама ги отфрла повиците за оставка додека…

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли повиците…

„Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа…

„Сакајќи да се извлечат од случајот со…