Километарски редици за гориво на Бали: Индонезија бара нови добавувачи по ударот од војната во Иран
Долги редици автомобили и мотоцикли, повеќечасовно чекање и бензински пумпи без гориво го одбележаа секојдневието на индонезискиот туристички остров Бали. Проблемите со снабдувањето ги погодија и жителите и туристите, а на одделни места редиците достигнуваа до еден километар.
Според индонезиските власти, непосредната причина за недостигот на Бали се проблемите со дистрибуцијата. Технички дефект при закотвување на танкер го одложил истоварот, додека лошото време и зголемената побарувачка дополнително ги забавиле испораките. Паничното купување го засилило притисокот врз бензинските станици, особено за поевтиниот, субвенциониран бензин „Перталит“. Властите нагласуваат дека во складиштата има гориво.
Локалните тешкотии се случуваат во време кога Индонезија се соочува и со пошироки проблеми во набавката. Директорот за нафта и гас во Министерството за енергетика, Лаоде Сулаеман, изјави дека земјата изгубила 25 проценти од своите извори за увоз по избувнувањето на војната меѓу САД, Израел и Иран.
Според него, тендерите за набавка привлекуваат малку понудувачи, поради што државната енергетска компанија „Пертамина“ директно бара земји со вишок гориво. Таквите набавки можат да бидат поскапи, иако властите уверуваат дека националните резерви се одржуваат на ниво доволно за 18 до 20 дена.
За стабилизирање на Бали, „Пертамина“ најави испораки од вкупно 57,9 милиони литри бензин во периодот од 14 до 17 октомври, продолжено работно време на бензинските пумпи и дополнителна поддршка за транспортот. Воведени се и привремени мерки за работа и учење од дома во дел од институциите, со цел да се намали сообраќајот и потрошувачката.
Министерот за енергетика Бахлил Лахадалија соопшти дека редиците постепено се намалуваат, но дистрибуцијата сè уште не е целосно нормализирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Километарски редици за гориво на Бали: Индонезија…
Долги редици автомобили и мотоцикли, повеќечасовно чекање…
Иран наредил целосна воена мобилизација и највисока…
Иран наредил целосна воена мобилизација и ставање…
Николоски: На времето беше Спаска Митрова, сега…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Нејасни пораки од Брисел за проширувањето на…
Европскиот совет ја одржа долгоочекуваната стратешка дискусија…
Мојсоска oд Кина: Мултиполарноста како реална шанса…
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, имаше обраќање…