Таткото на Ива со навреди кон Македонците и Мицкоски – Ги нарекува северни мелези!
Осудениот криминалец, Симеон Михаилов, татко на избеганата Ива Михаилова, наместо во македонските затвори, седи на социјалните мрежи и пишува навредливи коментари за редакцијата на Инфомакс, Македонија и македонскиот народ.
Михаилов на објавата на Инфомакс коментираше дека Македонците се „српски мелези“, додека е во активно бегство од правдата.
Симеон Михаилов е правосилно осуден во Северна Македонија на казна затвор од 12,5 години во рамките на полициската акција „Детонатор“. Осуден е за обид за убиство на Драганчо Стоименов (Дацо Белски) во скопската населба Аеродром, како и за злосторничко здружување и насилство. Во текот на постапката Михаилов избега од Македонија, по што беше пронајден во Италија, каде извесен период бил уапсен и во затвор. Потоа беше екстрадиран во Македонија и се наоѓаше во притвор.
Само неколку дена пред правосилноста на пресудата, Михаилов беше пуштен да се брани од слобода. Пет дена подоцна, пред пресудата да стане правосилна, повторно избега.