Објавено на:

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони барели нафта наиде на мина во Ормускиот Теснец

t

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер со повеќе од два милиони барели сурова нафта, откако пловилото удрило во поморска мина во стратешки важниот Ормуски Теснец, соопшти денеска морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Според соопштението на морнарицата на ИРГЦ, танкерот се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец по неовластена рута кога удрил во мина, предизвикувајќи катастрофална експлозија и силен пожар, пренесе иранската телевизија „Прес ТВ“.

Во соопштението се наведува дека танкерот намерно ги исклучил сите системи за позиционирање и радарите во обид да ги доведе во заблуда иранските поморски власти.

„Бродот се обидувал да го помине теснецот со поддршка и заштита од војската на американските шверцери и терористи“, оцени ИРГЦ.

Во соопштението се додава дека одлуката на танкерот да ја исклучи опремата за следење и да се потпре на придружба од американската војска, наместо да ги координира движењата со иранските власти, била директна причина за катастрофата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Иран подготвува нова стратегија за напади врз…

Иран започнал да применува нова стратегија за…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…