ВМРО-ДПМНЕ: Барбов покажа дека работи за криминалното дуо Заев-Филипче
Дали има нешто во кое не се вмешани Заев и Филипче? За случајот со Ива Михаилова, доктор Барбов призна дека добивал повици за пациенти од Заев, а дали можеби сега, за случајот со Ива, добил и од Филипче, прашаа од владејачката партија во денешното соопштение.
Барбов потврди дека продавал магла за случајот со Ива Михаилова. И потврди дека е уште еден медицински профитер од мозаикот на криминалното дуо Заев-Филипче, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, за Иван Барбов малку повеќе. Стејт департментот на САД смета дека е контроверзно лице, а е и осуден во случај поврзан со злоупотреби за остварување право на инвалидски пензии, стои во соопштението.
„Невозможно е некој да ги потцени во нивните контроверзни шеми, оти веднаш ќе се спротивстават и ќе излезе нешто во јавноста за нив и лица како Барбов, поврзани со нив, никнуваат од сите страни.
Надлежните органи треба детално да го истражат случајот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
Израелски министер : „Во Франција веќе започна…
Израелскиот министер за дијаспора и борба против…
Се проширува војната: Египет одобри „секаква неопходна…
Египетскиот Совет за национална одбрана, предводен од…
Вашингтон ѝ предлага на Европа: Продолжете да…
Европски претставници со негативни реакции на предлогот…
(Видео) Еве како денес изгледа Париз по…
Франција утрово прави преглед на штетите по…