Објавено на:

Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор 76 пати во изминатата недела

t

Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и нафтената и гасната индустрија десетици пати во текот на неделата откако американскиот претседател Доналд Трамп најави прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Откако американскиот претседател објави енергетско примирје пред една недела, Русија намерно го нападна украинскиот енергетски сектор и нафтената и гасната индустрија 76 пати, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Тој наведе дека во последните напади биле погодени трафостаници во регионите Виница, Житомир, Хмелницки и Одеса.

Ниту Киев ниту Москва не го потврдија договорот за прекин на огнот објавен од Трамп. Тој пред една недела изјави дека Украина и Русија се согласиле за она што го нарече „енергетско примирје“. Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека енергетското примирје стапило на сила веднаш, но не го образложи тврдењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…

Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…

Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…

Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако…

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во…

Граѓаните во централните и во северните делови…