Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

t

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата Фејсбук-страница.

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.

Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.

– Како што и досега имам изјавувано – државата е тука на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов – додаде министерот во објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

244 сведоци предложени од одбраната во случајот…

Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската…