Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во Брвеница и му слугува на Мицкоски

t

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на секта во која клучниот предуслов за припадност е геслото – сите други се виновни за поразите, само Венко Филипче не носи одговорност за ништо, велат организаторите на Платформата „12:05“ како реакција на прес – конференцијата на кандидатот за градоначалник од СДСМ на Општина Брвеница, Јовица Радески.

„Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески. Денес, го принудиле другарот Јовица Радески да излезе на прес конференција само затоа што му честитавме за неговиот достоинствен настап на изборите. Барале од него да им ја докажува лојалноста. Му се извинуваме за тоа што денес мораше јавно да се срами, а приватно да се извинува. Јавно го повикуваме раководството да излезе со барем едно име и презиме кое припаѓа на „Разговорите за иднината во 12:05“ кое наводно вршело агитација против кандидатот на СДСМ во Брвеница“, се наведува во писмената реакција.

Конечно, продолжува реакцијата, доколку од „Разговори за иднината во 12:05” зависи дали кандидатите на СДСМ победуваат тогаш ова дезориентирано партиско раководство самото признава дека мора да си замине.

„Ниту една принудна прес конференција не може да ја покрие вистината дека Венко Филипче е полномошникот за највалканиот политички дил во последните 35 години. Чесното членство сеʼ помасовно се срами што актуелното раководство му слугува на Христијан Мицкоски“, велат од „Разговори за иднината во 12:05“.

„ЗНАМ и Левица гласаа за ВМРО, а луѓето од Платформата ЗНАМ 2.0 работеа против мене и против СДСМ“, нагласи на прес- конференција, кандидатот за градоначалник на СДСМ во Брвеница, Јовица Радески. Тој посочи дека ваквото однесување не помогна, туку и наштетува на СДСМ, додавајќи дека одредени луѓе од Платформата ЗНАМ 2.0 дури повикувале граѓаните да не излезат на гласање.

„ЗНАМ и Левица гласаа за ВМРО, а луѓето од Платформата ЗНАМ 2.0 работеа против мене и против СДСМ. Не помогнаа, туку одмогнаа. Дури одредени луѓе токму од оваа Платформа повикуваа и да не се излезе на гласање и да не се гласа. Другари, требаше да дојдете и да помогнете. А не сега да кажувате за Брвеница. Размислете каква штета правите. Или молчете или помогнете, доста одмагате“, рече Радески.

Во однос на процесот на гласање, Радески побара истрага за објавувањето на резултатите од гласањето на болните и изнемоштените лица пред официјалното отворање на гласачките кутии, посочувајќи дека станува збор за сериозен сомнеж што мора да биде расчистен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…